Јато фламинга забележани на Охридското Езеро

1 min read

Помало јато фламинга деновиве повторно е забележано во плиткиот крајбрежен дел на Охридското Езеро, на потегот меѓу македонско-албанската граница кај Свети Наум.

Слични ситуации беа забележани и пред неколку години, кога фламинга беа фотографирани на Охридското Езеро.

Фламингата се хранат со одредени видови планктон и на езерата слетуваат само по храна. Не се забележани појави на нивно гнездење во овие краеви. Некои видови фламинга се преселници и можат да се забележат и во делови посеверно од нивниот вообичаен хабитат, но тоа се ретки појави како и ова нивно присуство на Охридското Езеро.

Фламингата населуваат мочуришни предели и плитки морски крајбрежни лагуни.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Путин негира дека Русија е вмешана во мигрантската криза

Следно

ВИДЕО: Аргентина чекор поблиску до пласман на Светското првенство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian