ВИДЕО: Триумфот на Индијана во сенка на инцидентот меѓу Тарнер и Гобер

2 mins read

Јута џез го диживеа првиот пораз на домашен терен сезонава, откако со 111:100 загуби од Индијана пејсерс. Натпреварот го одбележа инцидентот во последната четвртина по кој беа исклучени Мајлс Тарнер, Руди Гобер, Донован Мичел и Џо Инглс.

 

Инцидентот се случи на 4:01 минути го крајот на натпреварот кога Тарнер го блокираше шутот на Гобер по што центарот на Јута го повлече противникот со себе на паркетот. Потоа Тарнер и Гобер влегоа во клинч, но немаше никакви удари. Во „борењето“ меѓу центрите, се вклучија и останатите кошаркари, пред се Мичел и Инглс кои исто така беа исклучени од натпреварот.
Малколм Брогдон беше најдобар кај Индијана со 30 поени и девет скокови, додека Ти Џеј Меконели постигна 21 поен.
Кај Јута се истакнаа исклучените Донован Мичел со 26 поени и Руди Гобер со 19 поени и 11 скокови.

ЛА Клиперс ја оствари шестата победа по ред откако во „Стејплс центарот“ го совладаа Мајами хит со 112:109. Човек на одлука беше Реџи Џексон кој од линијата за слободни фрлања ги постигна последните четири поени за својот тим.

Џексон натпреварот го заврши со 22 поени, додека Пол Џорџ уфлри 27 поени за Клиперси кои сега имаат скор од седум победи и четири порази. Кај Мајами се истакна Бам Адебајо со 30 поени и 11 скокови.


Во дербито на Источната конференција, Торонто со 115:109 ја совлада Филаделфија. Торонто во последната четвртина имаше предност од 107:100, но Филаделфија направи серија од 0:9 и во последните две минути влезе со водство од 107:109. Одговорот на Торонто беа тројките на Трент и Ванвлит за триумф од 115:109. Фред Ванвлит со 32 поени беше најдобар кај Торонто, додека Гери Трент и О Џи Ануноби дадоа по 20 поени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Доктор Александар Стојанов: Порано или подоцна, сите ќе дојдеме во контакт со вирусот, и вакцинирани и невакцинирани

Следно

ФОТО | Наследничката на нафтената империја се омажи во најнеобична венчаница, а куче ги носело бурмите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian