ВИДЕО | Сергеј се враќа, модниот гуру со ново шоу: Забавата почнува!

1 min read

Популарниот стилист и моден гуру Сергеј по две години отсуство од македонската сцена, повторно се враќа пред публиката.

Тој пред неколку минути официјално ги потврди шпекулациите што се шират низ градот последниов период – ја објави најавната шпица за неговиот најнов проект наречен „Sergej Reinvented“.

Според најавата овој новитет ексклузивно ќе биде објавен на 14 ти ноември во 19:00 часот на официјалната Youtube страница на Sergej Reinvented.

Тизерот за оваа возбудлива нова содржина можете да ја прегледате на овој линк:

За редакцијата на „Слободен печат“ Сергеј изјави дека не сака да открива многу од новиот концепт, но е сигурен дека ќе понуди спој од едукација и забава.

На прашањето дали се задржува дел од концептот со кој беше актуелен и препознатлив пред некоја година на 1ТВ, тој во негов стил, низ смеа ни одговори:

„Па зарем би бил јас Сергеј без дел од таа содржина?“

Со нетрпение ја очекуваме премиерата во недела на 14ти и ќе го бараме пак за дополнителен коментар.

А до тогаш – со среќа и успех Сергеј!

Погледнете го неговиот профил на Инстаграм.

 

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гласот на Америка: Србија и Косово сепак ќе бидат поканети на Самитот за демократија

Следно

Преговорите на КОП26 во Глазгов го пробија рокот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian