ВИДЕО: Англија со „петарда“ против Албанија го завери учеството на СП во Катар

1 min read

Селекцијата на Англија им се приклучи на Данска и Германија кои обезбедија мундијалска виза за Катар. Англичаните со убедливи 5:0 ја декласираа Албанија и со 23 бода се лидери на табелата И.

На едно коло до крајот, Англичаните имаат три бода повеќе од второпласираната Полска и во последниот меч против аутсајдерот Сан Марино кој нема ниту еден бод, потребно им е реми.
Сите пет гола беа постигнати во првото полувреме, а блескаше Хари Кејн кој постигна хет-трик, додека останатите два гола беа дело на Хари Мегваер и Џордан Хендерсон.

Во дербито на вечерта, Италија пропушти одлична можност да ја завери мундијалската виза и на „Олимпико“ во Рим одигра само 1:1 против Швајцарија. Пред последното коло и двете селекции имаат по 15 бодови, но Италија ќе игра на гости против Северна Ирска додека Швајцарците ја пречекуваат Бугарија и со евентуална победа ќе го освојат првото место во групата поради подобриот меѓусебен скор со „азурите (постигнаа гол во гости).

Вистински трагичар е италијанскиот репрезентативец Жоргињо кој во 90 минута не реализира удар од белата точка. Претходно Швајцарија поведе со голот на Видмер, а Ди Лоренцо донесе израмнување во првото полувреме.


РЕЗУЛТАТИ:
Андора – Полска 1:4
Австрија – Израел 4:2
Данска – Ф. Острови 3:1
Англија – Албанија 5:0
Италија – Швајцарија 1:1
Унгарија – Сан Марино  4:0
С. Ирска – Литванија 1:0

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Не се дише: Вечерва воздухот е загаден низ цела Македонија, во Скопје најзагадено е во Лисиче

Следно

ФОТО | Катарина Ивановска има нова симпатија: Манекенката објави и фотографии од шармерот кој ја освои

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian