Сообраќајка на Илинденска, повредени неколку патници

1 min read

На 11.11.2021 околу 23.00 часот на крстосница на бул.„Илинден“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Н.Л.(26) од Скопје и патничко возило „шкода“, управувано од И.Ј.(31) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со повреди се здобил возачот Н.Л., а со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Г.А.(30) од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека возачот И.Ј. и неговите сопатници И.Ч.(28) и Н.Ј.(28), двајцата од Скопје се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Интервју со Сара Идризи, менаџер на италијанскиот ресторан „Венето“: Италијански ресторан Венето – Хедонизам и гастрономска магија на едно место

Следно

Кремљ: Најавата на Лукашенко за блокада на транзитот на гас не е одобрена во Москва

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian