Што не смеете да правите по јадењето – не олабувајте го ременот, не пијте вода…

4 mins read

Иако се обидувате да одржите здрава исхрана, со одредени прехранбени навики после оброк можете да се саботирате самите себе. Healthdigezt.com наведува дури осум навики што речиси сите ги правиме.

Не пушете. Истражувањето  покажало дека пушењето на само една цигара по оброкот може да се спореди со пушење на 10 цигари одеднаш, со што шансите за рак се зголемуваат. Таквата навика може да доведе до развој на болестите улцеративен колитис како и на синдромот на иритабилно (нервозно) црево, бидејќи желудникот веднаш по оброкот е во мошне ранлива состојба.

Не јадете овошје по оброкот. Јадењето овошје по оброк може да предизвика скапување на храната во цревата и отежнато варење. Со тоа се создаваат гасови и подуеност на стомакот. Овошјето поттикнува движење на храната па може да ја залепи пред таа да стаса до цревата, а токму од таа причина лекарите предлагаат овошјето да се јаде на гладен стомак, односно еден час пред или после оброкот.

Не пијте вода. Водата по оброкот ќе ја разблажи желудечната киселина и ензимите кои се одговорни за варење на храната. Ако сте многу жедни по оброкот, најдобро е само да ја исплакнете устата и да се напиете 1-2 голтки. Водата најдобро е да се пие изутрина на гладен стомак, 2-3 литри во текот на денот, и најмалку 1 час по оброкот.

Не пијте чај. Листовите на чајот содржат киселина која ќе предизвика стврднување на протеините од храната која се внела, а со тоа ќе го отежне нивното варење. Чајот е кисела напивка која може негативно да дејствува на протеините од оброкот и да го блокира здравото варење. Најдобро време за пиење чај е еден час после оброкот.

Не олабавувајте го ременот. Оваа навика луѓето често ја прават за да изедат што повеќе. Ако го олабавите ременот по оброкот, ќе предизвикате искривување на цревата и нивно блокирање. Телото знае кога му е доволно храната, затоа не се прејадувајте за да не се доведете во искушение да ги откопчувате вашите копчиња и ремен.

Не капете се. Капењето по оброк ќе предизвика зголемување на  циркулацијата на крвта во екстремитетите, за сметка на стомакот. Крвта оди во рацете и нозете и на тој начин се намалува количината на крв која доспева до стомакот, а тоа потоа влијае на брзината на варењето на храната. Поточно, со тоа ќе ослабне дигестивниот систем, и ќе се доведе во опасност правилното варење на храната.

Не пешачите. Постои кинеска поговорка која вели дека за да живеете 100 години треба по секој оброк да испешачите 100 чекори. Но, ова всушност, не е точно. Пешачењето и физичката активност по оброкот го попречува дигестивниот систем во правилната апсорпција на хранливи материи затоа што е дефокусиран. Пешачењето веднаш по оброкот не е добра идеја и поради тоа што го поттикнува варењето, а со тоа и излачувањето на желудочната киселина. Затоа, пешачете барем половина час по оброкот и тоа во траење од само 10 минути.

Не одете на спиење. Како и сите други телесни системи, и варењето се забавува во текот на сонот, а тоа последично може да доведе и до сериозни проблеми со дигестивниот систем, како што се цревната и желудочната инфекција. Храната што сме ја внеле нема да биде во можност правилно да се свари. Спиењето по оброк предизвикува опасност од гастритис и инфекции во цревата.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Интерпелацијата беше идеолошко расчистување – оние кои се за европски пат и Левица

Следно

Арсовска: Се чистат дивите депонии, ќе има скромно новогодишно украсување, а БРТ нема да се реализира

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian