Се омажи Парис Хилтон: Објави слика во венчаница (ФОТО)

1 min read

Манекенката, пејачка и поранешна реалити ѕвезда Парис Хилтон се омажи за претприемачот Картер Реум на раскошна церемонија на поранешниот имот на нејзиниот покоен дедо во Бел Ер.

Таа по церемонијата ја потврди радосната вест на Инстаграм и на тој начин на сите им покажа само дел од венчаницата од работилницата на Оскар де ла Рента.

На фотографијата е нејзиниот веренички прстен, додека за венчавката сите следбеници на Инстаграм, а ги има повеќе од 16 милиони, ќе треба да ги почекаат следните фотографии.

Парис и Картер објавија дека се вериле во февруари, по повеќе од една година врска. Невестата подготвила голем број фустани за венчавката, а дури непосредно пред церемонијата избрала во кој фустан ќе се омажи.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Истражување откри една особина која влијае на тоа колку некому ќе му се допаднете

Следно

Општина Центар: На улица „Орце Николов“ денеска ќе бидат отстранети две дрва од сортата липа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian