Рецепт: Египетски балсам прави чуда за кожата! Ја подмладува, а можете сами да го направите

1 min read

Египќанките отсекогаш биле синоним за убавина и негуван изглед, а интересно е што некои производи за шминкање се создавале токму во палатите на египетските кралици.

Жените од древниот Египет се потпирале на природните состојки кои им биле достапни, а со помош на даровите на природата имале висококвалитетна нега.

На интернет со денови кружи рецепт за египетски балсам за кожа, кој го затегнува и подмладува лицето. Ако сакате да имате кожа слична на свила, погледнете го рецептот!

 Потребни состојки:
– половина лажичка пчелен полен (можете да го купите во подобро снабдените продавници за здрава храна)
– 1 лажичка мед
– 20 грама пчелин восок
– 2-3 капки тинктура од прополис,
– 70 мл масло по желба (маслиново, бадемово, кокосово, арганово)
– неколку капки есенцијално масло по желба

Подготовка: 

Во чиста тегла ставете пчелин восок и прелијте го со масло. Мала количина масло оставете настрана. Останатите состојки измешајте ги во подлабок сад за да добиете густа смеса.
На пареа загрејте ги восокот и маслото да се стопат. Растопениот восок и маслото додадете ги во претходно подготвената паста и добро изматете за да се создаде кремаста паста.
Смесата вратете ја во теглата и вашиот балсам е подготвен за употреба.

Препаратот нанесувајте го пред спиење, а наутро ќе ве изненади мека, нежна и хидрирана кожа.

По секоја употреба добро затворете ја тегличката, така што може да трае и до неколку месеци.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови мерки во Црна Гора: Се забранува прослава на Нова година на отворено

Следно

Пресметката меѓу талибанците и „Исламската држава“ продолжува- 3 загинати 15 повредени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian