Продолжението на српскиот хит „Јужен Ветер“ ги руши сите рекорди: 200.000 гледачи за само една недела

1 min read

Продолжението на филмот „Јужен Ветер“, чиј прв дел ги оживеа кината во регионот со својата акција и пред три години достигна милион гледачи во најбрзо време дотогаш, сега поставува нови рекорди на гледаност иако е само една недела во кино салите.

Филмот „Јужен Ветар 2 – Забрзување“ за само 4 дена пријави гледаност од 115 илјади гледачи, а во неделата измината по неговата премиера веќе го имаат погледнато повеќе од 200.000 луѓе, бројка со која официјално е соборен рекордот на гледаност стар 20 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Južni Vetar (@juznivetarfilm)

Картите за премиерата која се одржа во Белград на 2 ноември беа распродадени за само неколку часа, а церемонијата на црвениот тепих беше пренесувана на социјалните мрежи и пропратена од повеќе од 100 илјади фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Овој полнокрвен филмски трилер, чија режија е на Милош Аврамовиќ, на филмското платно претстави врвна актерска екипа – Милош Биковиќ, Миодраг Раноњиќ, Јована Стојиљковиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Александар Берчек, Лука Грбиќ, како и меѓународните ѕвезди Анастазиа Еверал, Маријан Валев и Захари Бахаров.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Južni Vetar (@juznivetarfilm)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дачиќ: Референдум за промена на Уставот на 16 јануари

Следно

Бред Пит би можел целосно да ја загуби врската со ќерката Шајло

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian