Македонските екипи кои настапуваат во АБА2 лигата остварија половичен ефект на вториот турнир кој се играше во Осијек, Хрватска. „Металците“ победија во двата натпревари, додека Пелистер загуби на двете средби.
МЗТ Скопје по победата над Пелистер во третото коло, денеска со пресврт славеше над Осијек со 83:73.
Првото полувреме му припадна на Осијек кој на одмор замина со предност од 37:43, но во вториот дел доминираа „металците“. Прво со серија од 10:2 кошаркарите на МЗТ Скопје дојде до минус еден 47:48, а со тројката на Вер поведоа со 50:48.
Осијек за момент поведе со 50:51 но повторно следеше следеше серија на „металците“ од 12:2 со која ги решија дилемите околу победникот и на крајот славеа со 83:73.
Дастин Вер со 22 поени беше најдобар кај МЗТ Скопје, Милошевиќ постигна 21 поен, додека кај Осијек се истакна Тополовиќ заврши со 18 поени.
По вториот турнир во АБА2 лигата и одиграни четири кола, МЗТ Скопје се наоѓа на делба на второто место заедно со Хелиос со скор од три победи и еден пораз, додека лидерот Борац Бања Лука има максимални четири победи.
Екипата на Пелистер пак загуби од Војводина со 66:75 и тоа катастрофалната игра во третата четвртина. Имено, третиот дел Пелистер го загуби со убедливи 9:23 по што немаше сили во последната четвртина да направи пресврт.
Никола Малешевиќ со 15 поени беше најпрецизен кај битолчани, каде штодвоцифрен ефект имаа уште и Дејвид Хотон со 12 поени и 10 скока и Игор Кесар со 10 поени.
Пелистер по четири кола има скор од една победа која ја оствари на првиот турнир и три порази.