Почина Глен де Врис, човекот кој леташе во вселената со Безос минатиот месец

1 min read

Глен де Врис,  бизнисмен кој минатиот месец полета во вселената со актерот Вилијам Шатнер во авионот на Џеф Безос, Blue Origin, загина во мала авионска несреќа во Њу Џерси, соопшти полицијата.

Авионот се урнал во округот Сасекс, а заедно со него загинал и Томас Фишер, навела полицијата.

– Со тага ја примивме веста за ненадејната смрт на Глен де Врис. Тој донесе толку многу живот и енергија на тимот на нашата компанија и неговите придружници во вселената – се наведува во соопштението на компанијата „Блу Ориџин“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Децата од „Дајте Музика“ ќе ја претставуваат Македонија на Детска Евровизија

Следно

ФОТО | Не се дише: Вечерва воздухот е загаден низ цела Македонија, во Скопје најзагадено е во Лисиче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian