Петровска: Не знам од каде споредба на видеа на терористички организации и видеото на Реџепи, недозволиво е

1 min read

По обвинувањата од опозицијата дека пратеникот Кастриот Реџепи бил киднапиран, пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска вели дека не ја сфаќа целата фама.

-Зборуваат за видеото на Реџепи. Па во Собранието, сите канцеларии на пратениците се со бели ѕидови. Не знам од каде сега споредба на видеа на терористички организации и видеото на Реџепи. Недозволиво е. Знам дека опозициските пратеници се разочарани од сопствениот лидер, изјави Петровска во емисијата „Само вистина“.

Според неа, поздравите од дипломатите и ЕУ како стратешки партнери, не одат во прилог на обвинувањата од опозицијата дека „овде имало режим“.

Опозицијата згреши поради тоа што по седми пат му веруваше на Мицкоски на набилданите изјави дека само што го нема 62-от пратеник, вели таа.

Како што вели таа, се чувствува разочараност кај најголемата опозициска партија од сопствениот лидер затоа што не знаел и не се држел до зборот.

-Не можете да обвинувате за киднапирање и да се протолкуваат секакви зборови. Сакам да прашам дали после ова Мицкоски ќе понесе морална одговорност и срам и ќе му се извини на пратеникот Реџепи за изјавата дека е „современиот Амди Бајрам, лесна му земја“. Таква морбидна изјава од лидер на политичка партија не е дозволена. Пратеникот си најави дека ќе каже се во понеделник, потенцира Петровска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Со заминувањето на Меркел и нејзината двојничка Урсула заминува во пензија: Најсреќна сум што повторно ќе можам да носам лак за нокти и големи обетки

Следно

Тага во Англија, почина легенда на Премиер лигата и освојувач на Светското првенство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian