Несреќа во Хрватска: Пет деца повредени во судир на автомобил и училишен автобус

1 min read

Пет деца се повредени во судир на автомобил и училишен автобус во Вргорац.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила попладнево кога автомобилот кој влегувал во сообраќајот удрил во автобусот во кој се наоѓале децата.

Едно дете веднаш побарало лекарска помош и биле констатирани полесни повреди, а потоа на Итната помош во сплитската болница пристигнале уште четири на возраст од 11 до 17 години, јавуваат хрватските медиуми.

Во болница е пренесен и возачот на автомобилот, а против него се води истрага за предизвикување сообраќајна незгода.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гатузо се нуди да го наследи Џерард на клупата на Ренџерс

Следно

Арсовска се сретна со амбасадорот на Италија Силвестри 12.11.2021

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian