МВР уапси две лица од Косово кои краделе во Чаир

1 min read

На 11.11.2021 во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир ги лишиле од слобода Џ.Х.(27) од Скопје и Е.Ш.(47) од Косово, со престој во Скопје.

Тие се сомничат дека претходно во продажен објект на подрачје на Чаир одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени кај нив и биле вратени на сопственикот.

За двајцата постои сомнение дека и претходно неколку пати во истиот продажен објект одземале разни предмети.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Е.Ш., на која и била истечена дозволата за престој, односно личната карта за странец, била предадена на службени лица од Секторот за странци при Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност за понатамошна постапка

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Во наредните години животот на овие знаци ќе им се смени од корен: Пред нив е период на успех !

Следно

Холандија воведе нови мерки во борбата против ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian