Крај на кариерата на Серхио Ахуеро?

1 min read

Серхио Агуеро можеби повеќе нема да може да игра фудбал, пренесува Радио Каталонија повикувајќи се на резултатите од лекарските прегледи на Аргентинецот.

На Аргентинецот ненадејно му се слоши на натпреврот помеѓу Барселона и Алавес, тој се фати за срцето и потоа легна на тревата. Веднаш беше пренесен во болница на детални лекарски прегледи.

Каталонскиот тим потоа се огласи со соопштение во кое објави дека на Агуеро нема да може да смета во наредните три месеци и напаѓачот ќе мора да напреави дополнителни прегледи и тестови.

Радио Каталонија пренесува дека здравствената состојба на Аргентинецот е сериозна и дека лекарите му советувале да размисли за завршување на кариерата.

Засега нема никаков коментар од управата на Барселона која ги чека резултатите од сите тестови.
Серхио Агуеро во текот на летниот преоден рок потпиша за Барселона, а претходно настапуваше за Индепендиенте, Атлетико Мадрид и Манчестер сити.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бројот на туристи во Македонија до септември поголем за 49,8 отсто од лани

Следно

Ќе зборував со ангелите: Силвестер Сталоне бил близу до смртта за време на снимањето на „Роки 4“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian