Костадинов: Се е во наши раце, без еуфорија и со „ладни“ глави да влеземе во натпреварот против Исланд

1 min read

Фудбалерите в недела ќе имаат историска шанса да играат во баражот за пласман на Мундијалот во Катар, а до оваа позиција дојдоа со убедливиот триумф над Ерменија од 0:5 но и со подарокот од Исланд кој ремизира на гостувањето кај Романија.

Фудбалската репрезентација на Македонија во недела ги финишира квалификациите, пред своите гледачи на Националната Арена „Тодор Проески“ играат против Исланд кој нема шанси за освојување на второто место. Тихомир Костадинов вели дека со ладни глави мора да влезат на натпреварот в недела.

– Овој натпревар е клучен за нас, клучен во овие квалификации. Овој тим веруваше до крај дека може да се доведеме во ситуација сами да решаваме за својата судбина во квалификациите за СП 2022 секако со доза на среќа, односно Исланд кој приреди изненадување на гостувањетро кај Романија. Сега се е во наши раце, не треба еуфорично да гледаме на овој момент, ни треба „ладна глава“ и целосен фокус на натпреварот. Се надевам дека публиката ќе биде со нас и секој од нас ќе треба да го дадае максимумот за да го направиме тој последен чекор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

469 нови случаи на ковид-19, пријавени се 13 починати лица

Следно

Кикиљас: Речиси 12 милијарди евра приход од туризмот во 2021 година во Грција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian