Конституиран новиот состав на Советот на Општина Центар

1 min read

Со порака за успех и работа во интерес на граѓаните, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски им го честиташе почетокот на работата на новите советници во општинскиот Совет, информираат од Општина Центар.

– На денешната прва конститутивна седница, имаше три точки за работа на дневниот ред: Избор на претседател и членови на Верификационата комисијa на Советот, усвојување на Извештајот на Верификационата комисија со предлог за верификација на мандатите на членовите на Советот и избор на претседател, се наведува во сооптението на Општина Центар.

Ова конститутивната седница ја водеше највозрасниот советник во Советот, Виолета Велковска од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која по верификувањето на мандатите на новите советници, ја прекина седницата, која ќе има продолжение во наредниот период, кога ќе треба да биде избран и претседателот на Советот на општината.

Во овој состав на Советот најмногу советници, 9 има СДСМ со коалицијата, потоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со 8 советници и Левица и иницијативата „Шанса за Центар“ со по три советници. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТОГАЛЕРИЈА | Тина Мицковска: Фрлањето храна на животните во Зоолошка е строго забрането!

Следно

Шојгу: Се влошува воената и политичката ситуација во Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian