Истражување откри една особина која влијае на тоа колку некому ќе му се допаднете

2 mins read

Иако многумина пред да излезат ќе посветат време на својот физички изглед, истражувањето вели дека постои нешто друго што партнерот или потенцијалниот партнер забележува за нас што ќе одреди колку ќе бидеме привлечни за него или неа.

Имено, во студија објавена минатиот месец во The Journal of the Acoustical Society of America, истражувачите на учесниците им доделувале различни вокални вежби, а потоа одделни групи луѓе ги слушале снимките и ги рангирале по привлечност.

– Заклучивме дека јасноста со која зборуваме многу влијае на тоа дали некому ќе му се допаднеме, па на другите им сме попривлечни колку сме помалку разбирливи, поточно колку е понејасен нашиот говор – изјави др. Сара Харгус Фергусон, еден од авторите на студијата

Тимот верува дека овие резултати покажуваат таканаречен „сексуален диморфизам“, односно појава кога имаме некоја карактеристична разлика; во овој случај нејасен говор или мрморење; го прави попривлечен, а причината, велат тие, е што нашиот мозок го доживува ова мрморење како еволутивна особина, особено пожелна за мажите.

– Иако секој вокален тренер ќе ги научи луѓето да зборуваат бавно и внимателно да го изговараат секој збор, се чини дека нашиот глас е попривлечен кога е нејасен – вели коавторот на студијата, др. Даниел Стер од Универзитетот во Калифорнија.

Резултатите исто така покажаа дека, покрај жените на мажите, нејасен говор е привлечен и на мажите кај жените, а тие веруваат дека причината е што машкиот мозок, повторно од еволутивни причини, го доживува како „поженствен“.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

ФОТО | Наследничката на нафтената империја се омажи во најнеобична венчаница, а куче ги носело бурмите

Следно

Се омажи Парис Хилтон: Објави слика во венчаница (ФОТО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian