Гатузо се нуди да го наследи Џерард на клупата на Ренџерс

1 min read

Поранешниот италијански репрезентативец и тренер на Наполи, Џенаро Гатузо изрази желба да седне на клупата на шкотскиот шампион Ренџерс откако Стивен Џерард стана менаџер на Астон Вила, пренесува „Дејли Рекорд“.

Гатузо во играчката кариера една сезона помина играјќи токму за Ренџерс (1997/98) и отсекогаш покажувал симпатии кон шкотскиот клуб, а дополнителен мотив му е што неговата сопруга е од Шкотска, пишува „Дејли Рекорд“.

Џенаро Гатузо од 2019 година седеше на клупата на Наполи, а по истекот на договорот си замина од тимот од Неапол и летово ја презеде Фиорентина. Но,  по само две недели ја раскина соработката со Фиорентина поради несогласувања околу трансфер политиката на клубот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Катарина Ивановска има нова симпатија: Манекенката објави и фотографии од шармерот кој ја освои

Следно

Несреќа во Хрватска: Пет деца повредени во судир на автомобил и училишен автобус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian