ФОТО | Не се дише: Вечерва воздухот е загаден низ цела Македонија, во Скопје најзагадено е во Лисиче

1 min read

Податоците за квалитетот на воздухот во Македонија од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање вечерва покажуваат дека речиси во сите општини воздухот е загаден со ПМ10 честичките многу над максимално дозволените концентрации.

Воздухот во Кавадарци е најзагаден – 116 милиграми од ПМ10 честичките на кубен метар воздух, а максимално дозволената концентрација е 50. Во Струмица таа бројка е 107, Тетово 97, Куманово 91, Велес 90, Гостивар 75 мг/м3 итн.

Мерните станици во Скопје покажуваат дека најзагаден е воздухот во Лисиче 85 мг/м3 од ПМ10 честичките, потоа во Карпош 61, Центар 59 итн.

Загаден воздух
Фото: Скриншот
Загаден воздух
Фото: Скриншот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина Глен де Врис, човекот кој леташе во вселената со Безос минатиот месец

Следно

ВИДЕО: Англија со „петарда“ против Албанија го завери учеството на СП во Катар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian