ФОТО | Катарина Ивановска има нова симпатија: Манекенката објави и фотографии од шармерот кој ја освои

1 min read

Нашата позната манекенка и модел, Катарина Ивановска многу малку открива за својот приватен живот, а на социјалните мрежи воглавно објавува фотографии од дамнешни професионални фотосесии, патувања и секојдневни моменти поминати со пријателите и нејзините деца.

Една од последните објави кои која манекенката ги сподели на својот инстаграм – профил го привлече нашето внимание.

Фото: Принтскрин/Инстаграм


Ивановска ни откри кој е нејзина нова симпатија. Ни помалку, ни повеќе се работи за канадски глумец, режисер, сценарист и музичар Рајан Гослинг. Русокосиот убавец „ја шармирал“ манекенката, но иако се работи за симпатија на далечина никогаш не се знае.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Гослинг за кратко време стана еден од најпосакуваните мажи и застана во редот со Бред Пит, Џорџ Клуни и многу други кои претходно ги освојуваа холивудските топ листи за убавина, а сега ја шармираше и нашата Катарина.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Англија со „петарда“ против Албанија го завери учеството на СП во Катар

Следно

Гатузо се нуди да го наследи Џерард на клупата на Ренџерс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian