ФОТО: Италијанска изложба на фотографии во чест на македонскиот фудбал

1 min read

Изложба на фотографии во чест на македонскиот фудбал отвори вечерва Амбасадата на Италија во Скопје.

Изложбата ја отвори амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, а фотографиите се од репортажата „Првпат“ на фотографот Матео де Мајда и новинарот Козимо Бицари. Фотографиите се направени од повеќе места во Македонија во времето пред историскиот прв настап на македонската репрезентација на Евро 2020.

На отворањето присуствуваше и генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија Филип Поповски, кој на амбасадорот Силвестри и на фотографот Де Мајда им подари две фудбалски топки со потписите на сите репрезентативци на македонската репрезентација.

Изложбата е во просториите на Културно-информативниот центар во Скопје, а ќе биде прикажана и во други градови во Македонија. Фотографии од споменатата репортажа биле објавени во многу медиуми ширум светотот, вклучително и Њујорк тајмс, Фајненшал тајмс, Дер шпигел…

Репортажата „Првпат“ е направена со поддршка на Музејот на современа фотографија, магазинот Ундичи и ФФМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петрушевски: Според резултатите на локални избори оваа Влада го нема легитимитетот да продолжи да владее со Македонија

Следно

Бугарија за 2022 година ќе издвои дополнителни 800.000 евра за студентски стипендии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian