Ќе зборував со ангелите: Силвестер Сталоне бил близу до смртта за време на снимањето на „Роки 4“

2 mins read

Роки бил нокаутиран! Актерот Силвестер Сталоне откри дека за малку ќе умрел за време нa снимањето на четвртото продолжение на франшизата на филмот „Роки“.

Во видеото насловено „The Making of Rocky vs Drago by Sylvester Stallone“ кое тој го сподели на неговиот „YouTube“ канал Сталоне раскажа за блиската средба која ја имал со смртта.

За време на снимањето на филмот Сталоне мораше да биде пренесен на интензивна нега како последица на нокаут кој го добил на снимањето на една од најлегендарните акциони сцени на сите времиња.

Во сцената на борба помеѓу Роки, и незаборавниот Иван Драго, кој го глуми Долф Лундгрен, Сталоне се преценил себеси или ја потценил силата на Долф – и добил реален нокаут.

„Првото нешто што го снимивме беше мојот влез, влезот на Лундгрен, и претставувањата и тогаш бев навистина повреден за време на борбата и мораше да бидам пренесен на интензивна нега во Калифорнија од Канада“, изјави Сталоне.

75-годишниот актер објасни дека Лундгрен го совладал и раскршил, и тој не го почувствувал тоа во моментот, но подоцна таа вечер започнало да му отекува срцето.

„Мојот крвен притисок се искачи на 260 и за малку ќе зборував со ангелите, следното нешто што го знам е дека сум на овој итен лет на ниска висина“, раскажа актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @rds1220

Сталоне поминал четири дена на интензивна нега пред да се врати на снимање на легендарниот филм од 1985 година.

Ударот со кој Иван Драго го покосил Роки останал во финалните снимки кои се дел од филмот.

„Како можете ваква сцена да извадите?“, искрено и коректно вели актерот кој го глуми нокаутираниот Роки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gregg (@watchwithgregg)

Освен за оваа сцена, Сталоне проговори и за убиството на Аполо Крид, велејќи дека се кае што морал да го убие ликот, и би претпочитал да тој преживее, а потоа да стане и новиот тренер на Роки.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Крај на кариерата на Серхио Ахуеро?

Следно

ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе ја рационализира потрошувачката на струја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian