Дачиќ: Референдум за промена на Уставот на 16 јануари

1 min read

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека референдумот за промена на Уставот на Србија во областа на правосудството треба да се одржи на 16 јануари следната година, јави дописникот на МИА од Белград.

Дачиќ додаде дека дотогаш треба да се усвојат амандмани, според кои текстот на Уставот треба да се најде на собраниската седница на 30 ноември.

Тој потсети на едно нешто кога е референдумот во прашање, наведувајќи дека за промена на Уставот односно за успех на референдумот повеќе не се потребни 50 отсто излезеност од запишаните гласачи, а тоа, како што додаде, е потпишано уште во 2006 година.

Со реакција на оваа најава на Дачиќ се јавија лидерите на озициските Демократска Сранка (ДС) и Двери, Зоран Лутовац и Бошко Обрадовиќ.

– Уставот не може да го менува нелегитимно Собрание во кое нема опозиција. Немаше вистинска експертска или општа јавна дебата. Измените на законот за референдум се скандалозни, изјави Лутовац за Данас, додавајќи дека граѓаните треба да излезат на протести, а не на ваков скандалозен референдум.

Лидерот на Двери пак изјави дека во сегашниот медиумски мрак ништо не се знае за измените на Уставот.

– Референдумот има смисла само ако имаме слободни медиуми и парламентарна демократија, што не е случај кај нас во моментов, оцени Обрадовиќ.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алиоски: Против Исланд играме за победа и за историја

Следно

Продолжението на српскиот хит „Јужен Ветер“ ги руши сите рекорди: 200.000 гледачи за само една недела

Latest from Blog

Перишиќ се сели во Лондон

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и тоа во екипата

MacedonianEnglishAlbanian