Бугарија за 2022 година ќе издвои дополнителни 800.000 евра за студентски стипендии

2 mins read

Дополнителни 1,6 милиони лева (едно евро = 1,96 лева) ќе се издвојат во буџетот за следната година за зголемување на стипендиите во државните високообразовни институции, јави БТА.

– Средствата ќе овозможат зголемување за 30 отсто на сите стипендии што ги добиваат студентите и докторантите, изјави министерот за финансии Валери Белчев на средба со претставници на Националното претставништво на студентските совети (НПСС) во Република Бугарија, соопшти Министерството за финансии.

Трошоците за младите се инвестиција во иднината. Бугарија треба да го трансформира својот национален економски модел и да ги промени односите меѓу Владата и народот за да создаде подобро и поправедно општество, рече министерот Белчев.

Според него, главниот предизвик во следните неколку години е да се предложат политики кои ќе привлечат странски инвестиции во нови индустрии и ќе отворат нови пазари за националните производи.

– За сето ова ни требаат обучени специјалисти. Со зголемување на стипендиите за студенти и докторанти сакаме да им дадеме јасен сигнал на најуспешните млади специјалисти дека не само што знаеме дека постојат, туку и размислуваме за нив, ги увери Белчев претставниците на НПСС.

Министерот додаде дека улогата на државата е да инвестира во младите луѓе, да создаде конкурентна средина и да одговори на потребата од интелигентни индустриски политики за решавање на проблемите што пазарите и корпоративниот бизнис нема сами да ги решат. Како што се климатските промени или еднакви услови за конкуренција помеѓу државите преку уривање на регулаторните и други бариери.

– Студирањето е прекрасен момент во животот, кој треба да биде исполнет со инспирација и надеж, а не со грижа. Ова е насоката во која ги насочуваме нашите напори и мислам дека со ова дополнително насочено финансирање започнуваме добар почеток, сфаќајќи дека тоа не е доволно, бидејќи изгубивме многу драгоцено време, кое мора брзо да го достигнеме ако сакаме младите да останат и да се развиваат во Бугарија, рече министерот Белчев.

На средбата се разговараше и за лошата состојба на домовите, за висината на субвенцијата за храна во студентските мензи и одржувањето на студентските домови, како и за малиот процент на вакцинирани студенти.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Италијанска изложба на фотографии во чест на македонскиот фудбал

Следно

ВИДЕО| Ѝ по 20 години болката не стивнува: Сузана Турунџиева обвиена со истиот немир и празнина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian