Арсовска: Се чистат дивите депонии, ќе има скромно новогодишно украсување, а БРТ нема да се реализира

3 mins read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во првата недела од својот мандат, рече дека веќе е почната реализацијата на првите проекти од нејзината програма кои се предвидени за спроведување во првите 82 дена.

На вчера одржаната средба со новинарите таа рече дека е започната акцијата за расчистување на дивите депонии на подрачјето на Град Скопје.

Од градоначалниците на сите десет скопски општини, како што појасни таа, ќе се побараат и дополнителни локации што треба да се расчистат за да се уреди просторот и да се намали загадувањето.

Арсовска инфомираше дека веќе се работи и на ревизија на затекнатите проекти, а се разгледува и работењето на јавните градски претпријатија и културните институции за да се утврди фактичката состојба на која ќе се базираат сите понатамошни чекори.  

Арсовска, пред новинарите, нагласи дека во својот мандат има намера да покаже дека работите во Градот Скопје може да се водат поинаку, без вмешување на политиката, туку со почовечен пристап едни со други, како меѓу вработените во администрацијата, така и со граѓаните.

– Мене граѓаните на Скопје ми дадоа мандат да го реализирам тоа што е понудено во мојата програма и тоа планирам да го направам во наредните четири години како градоначалник на Град Скопје. Посветено ќе работам на остварување на мојата програма и на визијата за модерно Скопје. Токму затоа се откажав од сите претходни функции – одговори Арсовска на новинарско прашање дали се откажала од функцијата конзул на Република Унгарија во нашата земја.

Во однос на предновогодишното украсување на главниот град, таа вели дека во градот нема да биде тажно за празниците кои носат посебни радости, потенцирајќи дека може да се украси скромно, не согласно догворот на нејзиниот претходник Шилегов, во вредност од 240.000 евра, во услови на енергетска криза. 

Арсовска, во однос на ветувањето за бесплатен јавен превоз, пред новинарите рече дека треба да добие информации од ЈСП за финансиската состојба, и според неа претпријатието само за набавки должи околу половина милијарда денари, за потоа да го разгледа целиот систем на јавниот превоз.

Според неа, проектот за брз транспорт систем кој го најави Шилегов нема да се реализира, бидејќи граѓаните гласале за програма каде таков проект не е вклучен.  

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Што не смеете да правите по јадењето – не олабувајте го ременот, не пијте вода…

Следно

ВИДЕО | Андоновиќ: Белорусија, Полска и мигрантската криза: Како илјадници луѓе завршуваат заглавени на источноевропската граница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian