Американски новинар осуден на 11 години затвор во Мјанмар

1 min read

Воениот суд во Мјанмар го осуди американскиот новинар Дени Фенстер на 11 години затвор, јави Би-Би-Си.

Фенстер беше прогласен за виновен за кршење на законот за имиграција, незаконско здружување и поттикнување протести против воената хунта.

На почетокот на оваа недела, тој дополнително беше обвинет за поттикнување немири и тероризам, кои предвидуваат максимална казна доживотен затвор.

Сè уште не е донесена пресуда за новите обвиненија.

Фенстер (37), кој беше главен уредник на веб-страницата Frontier Myanmar, беше приведен на меѓународниот аеродром во Јангон во мај.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На денешен ден – 12 ноември

Следно

ВИДЕО | Отворени пунктовите за вакцинација против сезонски грип

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian