Златна шанса за Македонија: Ти благодариме Исланд, ајде сега сите на стадион!

2 mins read

Македонската фудбалска А репрезентација има огромна шанса за првпат во нејзината историја да обезбеди бараж за пласман на Светско првенство.

После високата победа над Ерменија во Ереван од 0:5, вечерва се молевме и „навивавме“ за Исланд да не загуби од Романија.

На крајот, Исланѓаните на стадионот во Букурешт одиграа нерешено без голови (0:0) и така сега на едно коло до крајот нашата селекција е во „пол-позиција“ да биде второпласирана во квалификациската група „Ј“.

Моментно води Германија со 24 бодови која веќе си обезбеди место на Мундијалот, Македонија е второпласирана со 15 бодови, еден повеќе од Романија, а на четвртата позиција е Ерменија со 12. Исланд е на петтото место со девет, а Лихтенштајн последен со еден.

На 14 ноември се играат последните три мечеви од оваа група, сите со почеток од 18.00 часот.

Македонија на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје со триумф над Исланд сигурно си обезбедува место во баражот за СП.

Доколку одиграме нерешено, тогаш ќе мора да се надеваме дека Романија нема да триумфира во Вадуц над Лихтенштајн, што можеби е потешко остварливо.

И Ерменците имаат шанса за тоа второ место, но тие имаат крајно „невозможна мисија“, да ја победат Германија, Македонија да загуби од Исланд, а Лихтенштајн да победи над Романија.

Но, тоа се ерменските желби, ние ги гледаме македонските, уште вечерва сигурно спортската јавност кај нас пошироко изразува голем интерес да се присуствува в недела на мечот против Исланд и да одиме на нова победа. ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ЦЕНИТЕ НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА ТОЈ СПЕКТАКЛ ТУКА

Квалификации СП 2022

Група „Ј“, 9. коло, резултати –

Ерменија – Македонија 0:5
Германија – Лихтенштајн 9:0
Романија – Исланд 0:0

Табела:

1. Германија 24 бодови
2. Македонија 15
3. Романија 14
4. Ерменија 12
5. Исланд 9
6. Лихтенштајн 1

Последно, 10. коло, двојки –

14 ноември

18.00 часот
Ерменија – Германија
Лихтенштајн – Романија
Македонија – Исланд

Милевски: Мотивираа критиките после Германија, играчите покажаа дека имаат голем потенцијал

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кастриот Реџепи може да му се приклучи на владејачкото мнозинство, вели Џафери

Следно

ВИДЕО: Дубиоза колектив го кренаа на нозе Советот на Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian