Потпретседателот на ДУИ, Артан Груби, вечерва заедно со сите пратеници на партијата одржа прес-конференција пред Собранието, откако спикерот Талат Џафери официјално ја затвори седницата на којашто требаше да се гласа за доверба на владата.
Груби рече дека денеска се случила „голема победа на прогресивните сили“ во државата и најави дека од утре владејачкото мнозинство во Собранието ќе биде „поголемо одошто беше и кога победиле на изборите“.
Груби не откри дали во власта влегуваат пратениците на Алтернатива, можност што вечерва ја навести лидерот на партијата Африм Гаши. На прашањето кој е новиот партнер, Груби рече дека тоа е народот.