ВИДЕО: Апасиев повикува на радикализација, Касами вели дека Реџепи се снимал под присила

2 mins read

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, вечерва по објавувањето на видеото на Кастриот Реџепи, изјави дека е убеден дека снимката е направена под присила. Тој вечерва пред Парламентот рече дека се грижи за безбедноста на пратеникот.

– Веруваме и убедени сме дека ова видео е направено под присила бидејќи е направено во моментот кога јас одам во полиција да пријавам. Ако пратеникот бил слободен доброволно на некоја позиција требало да ги информираат органите на редот, а не мене да ми кажуваат од полиција дека „ да, знаеме каде е пратеникот”, рече Касами.

Тој ги замоли институциите да ја информираат јавноста каде е пратеникот и дали е здрав и жив.

– Властите треба да ни кажат дека пратеникот е здрав и жив заедно со неговото семејство. Во ситуација кога јас одам заедно со членови на семејството да го пријавам за исчезнат заедно со неговото блиско семејство излегува ова видео. Затоа ние дополнително се сомневаме дека оваа ситуација е исценирана, рече лидерот на Беса.

Во исто време, пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, коментирајќи ги вечерашните случувања, рече дека е потребна „политичка радикализација на опозицијата“.

„Ова е преседан кој ќе ни се врати од глава. Кога можете пратеник да киднапирате и да држите… Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористички организации пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, граѓаните треба да ја сфатат сериозноста. Мислам оваа Власт не паѓа со и треба радикализација на состојбата“, порача Апасиев, појаснувајќи дека радикализацијата на методите на опозицијата подразбира протести и блокади.

„Ова е мексиканско сценарио. Ова е картел, ова е мафија“, рече Апасиев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Снеже Велков: Кажав НЕ кој сака нека честита!

Следно

Барди со хет-трикот во Ереван ги престигна Ќириќ и Седлоски

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian