Стипендии од Општина Центар за осум основци од семејства во социјален ризик

1 min read

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски им додели стипендии за учебната 2021/2022 година на осум деца од семејства во социјален ризик кои учат во општинските основни училишта.

– Овие стипендии Општина Центар ги доделува секоја година и со нив им се олеснува процесот на основно образование на учениците на кои овие средства им се најпотребни, по едно дете од секое општинско основно училиште. Стипендистите ќе добиваат по 3.000 денари месечно, до крајот на учебната година, соопшти Општина Центар.

Учениците во оваа пригода го посетија кабинетот на градоначалникот Герасимовски, кој ги запозна  со работата и активностите на Општината. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Авторот на Squid Game откри детали за втората сезона

Следно

Почина бившиот претседател на ЈАР, човекот кој го ослободи Нелсон Мендела и го укина апартхејдот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian