Порталите на ВМРО ДПМНЕ упатија обвинувања кон холандскиот премиер Марк Руте кој вчера беше во официјална посета на нашата земја за денешниот искажан став на пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, кој одлучи да не учествува на закажаната собраниска седница за гласање на недоверба на Владата, пишува opinionshqip.live
Ваквите наводи несомнено се уште еден скандал и потврда на антиевропската агенда на ВМРО-ДПМНЕ, која незадоволна од неуспехот за уривање на Владата се обидува да изнајде алиби обвинувајќи го без никаков аргумент за тоа меѓународниот фактор.
Инаку, пратеникот Реџепи доброволно го искажа својот став и причините за тоа на својата страна на социјалната мрежа Фејсбук.
Во продолжение ви ја пренесуваме скандалозната вест која ја објави еден од порталите: infomax.mk