Родители кои пријавиле дека ќерката им исчезнала, сега се обвинети за нејзино убиство

1 min read

Брачен пар од Хаваи е обвинет за убиство на нивната посвоена 6-годишна ќерка Изабел Калуа.

Исак (52) и Лехуа Калуа (43) биле уапсени во средата под сомнение за убиство, речиси два месеци откако им соопштија на властите во Хонолулу дека таа е исчезната и била започната голема потрага по неа, објави Ен-Би-Си Њуз.

Властите во средата го пребарале нивниот дом сакајќи да добијат повеќе докази за телото на Изабела, кое сè уште не е пронајдено.

„Имаше некои изјави кои не беа вистинити“

„За жал, она што започна како потрага по исчезнато девојче се претвори во истрага за убиство“, рече Раде Вадиќ, началник на полицијата во Хонолулу.

Парот, кој ја посвоил Изабела пред две години, го пријавил нејзиното исчезнување на 13 септември.

Властите веруваат дека голем дел од информациите дадени од Исак и Лехуа Калуа биле „лажни“, рече поручник Дина Томс од Одделот за криминални истраги.

„Имаше некои изјави кои не се точни“, додаде таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кои славни личности „глумат“ дека се добри или лоши? Парис Хилтон велат воопшто не е празноглава, а Гордон Ремзи блефира дека е лош шеф…

Следно

ВИДЕО | Груби: Голема победа на прогресивните сили, владејачкото мнозинство од утре е посилно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian