Новак Ѓоковиќ ист како неговиот чукундедо

1 min read

Српскиот тенесир Новак Ѓоковиќ не е првиот Новак во неговото семејство, така се викал и неговиот чукундедо. Фамилијата Ѓоковиќ потекнува од Чево, општина Цетиње, од каде Ѓоко Дамјановиќ по убиството на турскиот ага при судир со Турците побегнал во Никшиќ. Фамилијата Ѓоковиќ всушност е поколение на предокот Ѓоко.

Првиот Новак Ѓоковиќ бил внук на дедо Ѓоко, а во 1905 година заминал од Јасеново Поље во Чикаго.

Двапати се враќа во татковината, првиот пат за да се бори во Балканските војни, а втор пат на Солунскиот фронт во Првата светска војна. По Солунскиот фронт останал во Јасеново Поље, каде што работел како судија-поротник.

Во секој случај, јасно е дека тенисерот Новак Ѓоковиќ навистина личи на неговиот чукундедо, храбриот војник Новак.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Може да користите тенк како такси (ВИДЕО)

Следно

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје со добивка од 79.286.643 денари за девет месеци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian