Нездрави се шпекулациите дека Реџепи е киднапиран сосе семејството, вели аналитичарот Селими

1 min read

Политичкиот аналитичар Сефер Селими во вечерашното гостување на ТВ Телма рече дека подолго време „не живееме во нормална држава“ Тој вели дека не би го изненадило доколку не се случи нешто ново до полноќ. „Ненормалното стана нормално“, вели Селими.

Според него, генералниот секретар на Беса и министер за земјоделство, Аријанит Хоџа, го кажал својот став и се сокрил во партиската канцеларија, од каде воопшто не излегува.

-Него владиниот партнер СДСМ му обезбеди уште тројца пратеници. Не можам да замислам дека некој во ова време, во земја-членка на НАТО може да киднапира пратеник со цело семејство и се да помине без реперкусии за нарачателот и државата. Ова се нездрави шпекулации кои нанесуваат штета на довербата на граѓаните, потенцира Селими.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Противникот на Орбан: Унгарија ќе биде ослободена од корупција

Следно

ВИДЕО: Пукна македонска „петарда“ во Ереван, а сега сите погледи кон Букурешт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian