Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири со кратка објава на својот Фејсбук профил реагираше на последните случувања во Собранието каде денес се гласа по Иницијативата за недоверба на Владата не премиерот Зоран Заев. Имено, пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи реши да не учествува на денешната седница на Собранието.
– „Game change“, напиша Зекири, што во превод значи „промена на играта“.