Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за медиумите истакна дека се предава и дека повеќе не вреди да се занимава со политика.
Изјавата на Мицкоски доаѓа по изјавата на пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи дека нема да присуствува на денешната собраниска седница за гласање на недоверба на Владата и неуспехот на македонскиот и албанскиот опозициски блок да го обезбедат потребниот број пратеници за соборување на Владата предводена од проевропската коалиција СДСМ – ДУИ.
“Мислам дека ова е голем срам за демократијата и за вредностите. Ако мислите дека не го очекувавме, ви велам дека го очекувавме. Ако се потврди трговијата, тогаш се поставува прашањето дали вреди да се занимаваме со политика во Македонија. Им се извинувам на граѓаните кои мора да бидат сведоци на циркуска претстава во Собранието. Жал ми е што морам да бидам дел од ваков циркус“, рече Мицкоски.
„Немам ни намера да разговарам на тој начин. Секој што мисли дека оваа Влада е криминална може слободно да дојде и да се приклучи. Исчезна пратеник и не знаеме каде е“, рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека се загрижени дали пратеникот Реџепи е жив.
„Доколку не се појави МВР мора да реагира. Ова се методи од 16 и 17 век“, рече Мицкоски.
Сепак, ВМРО и нејзините соработници Левица, Беса, Алијанса и Алтернатива како иницијатори на оваа иницијатива ќе чекаат до 00:00 часот како што е предвидено во Деловникот на Собранието.