Мицевски го напушти Собранието во скафандер: Така налагаат протоколите, ќе се вратам

1 min read

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, предмалку го напушти Парламентот во скафандер и појасни дека ќе се врати, но оти морал да излезе поради тоа што „така налагале протоколите”.

Мицевски не прецизираше кога ќе се врати, а на прашање дали ќе обезбедат 61 пратеник за гласање недоверба на Владата, рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски веќе дал изјава за тоа.

Мицевски и пратеничката Ангелика Петкова од ВМРО –ДПМНЕ кои се позитивни на Ковид-19, пред почетокот на седницата, облечени во скафандери пристигнаа во Собранието, за да присуствуваат на денешната собраниска седница.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕМА даде зелено светло за два лека со антитела за ковид-19

Следно

Орешкова со бронза на Европското кик бокс првенство за кадети и јуниори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian