Кои славни личности „глумат“ дека се добри или лоши? Парис Хилтон велат воопшто не е празноглава, а Гордон Ремзи блефира дека е лош шеф…

2 mins read

Луѓето на платформата Reddit ги ставија на тапет познатите личности за кои се сомневаат дека ги лажираат своите „селебрити“ личности пред камера – некои поради добри, некои поради лоши причини. И иако не може да се потврдат со сигурност овие факти, фасцинантни се за размислување.

Еве кои беа најинтересните личности со „лажна“ персона, според изборот на корисниците:

Кевин Харт

Ако го гледате документарецот за него, ќе видите дека во еден миг му „паѓа маската“ и се губи таа негова „најдобар пријател на сите“ персона, и станува вистински неранимајко кон еден од неговите пријатели, со тотално лошо однесување во стилот „Без мене ти си никој и ништо“. Баш гадно.

Jaguar / Alamy / Alamy / Profimedia

Парис Хилтон

За неа може да се каже дека воопшто не е смотана ниту будалеста, а најмалку празноглава, како што се мисли во јавноста. Напротив, Парис е многу интелигентна личност.

Парис Хилтон/ Instagram

Гордон Ремзи

Иако е познат како опасен пцујач и со многу малку трпение, според корисниците, сето тоа е во голема мера глума, како што и рекоа:

„Ги задржал сите свои вработени во ресторанот повеќе од 15 години… Ако е навистина таков кретен како што се претставува, сите ќе си отидеа од таму“

Гордон Ремзи/youtube

Алис Купер

„Речиси сите хеви метал рокери се се’ освен будалести обожаватели на ѓаволот. Многу ми е смешно тоа дека во стварноста, Алис Купер бил тивок, посветен христијанин“ – велат од мрежата.

Алис Купер
Алис Купер/Викимедија

Мерилин Монро

Оваа девојка е од старата школа. Се однесувала како луда русокоса со дискутабилен талент, а во суштина била особено паметна и сакала многу да чита (затоа и ја привлекол Артур Милер).

Мерилин Монро/Instagram

Семјуел Л. Џексон

За него велат:  “Имаше толку успешни улоги со некои од најкарактеристичните ликови во својата кариера, што сигурно ги има вградено и во сопствената личност и својот живот“

Samuel L. Jackson
EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Канје Вест

За него напишаа:

„ Тој е исклучително дисциплиниран изведувач. Не можам да поверувам  дека е таков и во реалниот живот“

Profimedia
Фото: Profimedia

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Дубиоза колектив го кренаа на нозе Советот на Европа

Следно

Родители кои пријавиле дека ќерката им исчезнала, сега се обвинети за нејзино убиство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian