Хоџа: Движењето Беса ја продолжува војната

1 min read

Врвот на опасноста на демократијата се достигнува кога преку недемократски форми, дури и на пратениците им се оневозможува слободното изразување на волјата, објави секретарот на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, на својот Фејсбук профил.

– Заканата, уцената или другите форми на влијание се показател за инсталирање режим кој е ставен над волјата на народот. И покрај сѐ, Движењето БЕСА ја продолжува војната. Одиме по нашиот свет пат за да го победиме злото!, пишува Хоџа и додава дека секој поединечно ќе одговара за своите постапки, додека Движењето БЕСА „продолжува со политичкото патување”.

Тој уште посочува дека соработката на опозицијата со Алијансата за Албанците и Алтернатива „ќе продолжи до последното уривање на овој режим“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина бившиот претседател на ЈАР, човекот кој го ослободи Нелсон Мендела и го укина апартхејдот

Следно

Наградата „13 Ноември“ – Спортист во рацете на олимпискиот вицешампион Георгиевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian