Граѓаните го поздравија потегот на Арсовска: 240.000 евра за новогодишно украсување се премногу

2 mins read

Повеќето скопјани ја поздравија одлуката на новата градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, која рече дека ќе го раскине договорот за новогодишно украсување на градот вреден 240.000 евра, а кој беше склучен од нејзиниот претходник Петре Шилегов. 

Граѓаните велат дека, со оглед дека живееме во здравствена и енергетска криза, ќе се помине и без толку скапо украсување, а добро ќе биде, како што велат тие, парите да се пренаменат за унапредување на квалитетот на живот. 

-Ова е само прв пример за воспоставување на нова пракса на одговорно и транспарентно работење на Градот, со што ќе ставиме крај на неодговорното работење и трошење на градските буџетски средства, порача вчера Арсовска. 

Граѓаните, пак, велат: 

-Ова се премногу пари за украсување. Добро што ќе се вратат во Буџетот. Преголема сума е, а ние не сме толку да можеме да си дозволиме луксузно украсување. 

-Предлагам парите да се пренаменат за други поприоритетни цели како подобрување на инфраструктура и слично. Ќе преживееме и без украси. Украсите нема да го подобрат квалитетот на животот на обичниот граѓанин. Браво за овој чекор!

-Огличен потег. Умираат луѓе секој ден од панемијата, годинава ќе поминеме без украсување. Догодина здравје, со домаќинска организација, градоначаличката ќе најде поекономичен начин. 

-Со парите да се купат новогодишни пакетчиња за социјално загрозените категории. 

Од друга страна, пак, има и такви кои сакаат Скопје да биде украсено за да има празнична атмосфера.

-Од психолошка гледна точка луѓето движејќи се низ украсеното Скопје ќе ја почувствуваат Новогодишната еуфорија барем малку затоа што на трпеза и на нивните сметки тешко.

-Сега ќе нема да да ги носиме децата празнично да се израдуваат. 

Од Град Скопје известија дека следната година наместо досегашната практика на ненаменско трошење на парите на граѓаните и ангажирање на компанија за украсување, Град Скопје ќе набави украси кои ќе бидат сопственост на градот со што ќе се заштедат значителни средства од градскиот буџет кои досега секоја година се трошеле за еднократен годишен закуп на овие украси.

Скопје вообичаено, предпразнично, се украсува на почетокот на месец декември. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Ноември – месец на машкото здравје: Зошто цинкот е толку важен за мажите?

Следно

Агенцијата за азил на ЕУ предупредува дека многу Авганистанци се изложени на зголемен ризик

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian