ФФМ, Сејдини: Сè уште веруваме, ова е вистинското лице на оваа генерација

1 min read

Најдобрата македонска репрезентација го слави големиот триумф во Ереван против Ерменија со резултат 0:5 во претпоследниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Одличниот ден беше комплетиран после убавата вест од Букурешт каде Исланд ни направи „услуга“ да не загуби од Романија и така на едно коло до крајот на квалификациите бидеме во „пол-позиција“ за обезбедување на мундијалскиот бараж.

На 14 ноември со почеток од 18.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје против Исланд бркаме триумф со кој сигурно ќе го освоиме второто место во квалификациската група „Ј“.

Радоста за победата над Ерменците ја сподели и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини.

– Храбро, борбено и напаѓачки фудбал, без разлика каде и против кого! Ова е вистинското лице на оваа генерација на македонската фудбалскa репрезентација. Сè уште веруваме! Напред Македонија – напиша Сејдини на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Груби: Голема победа на прогресивните сили, владејачкото мнозинство од утре е посилно

Следно

Хоџа најави дека утре поднесува оставкa од министерската функција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian