Европол: Драстичен раст на измамите во онлајн купувањата за време на пандемијата

1 min read

Пандемијата на коронавирусот предизвика драстично зголемување на измамите во онлајн купувањата, предупреди денеска Европската полициска агенција, соопштувајќи дека криминалците продолжуваат да ги искористуваат жртвите кои работат од дома.

„Стравот од вирусот доведе до нагло зголемување на онлајн купувањата, што, пак, доведе до значително зголемување на измамите во набавките во втората година од пандемијата”, се наведува во годишниот извештај на Европол за кибер криминалот.

„Продолжувањето на периодот на блокади низ Европа доведе до зголемен број нови можности за е-трговијата, што често пати се покажуваат цел на криминалците”, соопшти ЕВРОПОЛ, чие седиште е во Хаг.

„Криминалците нудат стоки и примаат плаќање без испорака, мамат онлајн продавници со слаби безбедносни мерки или услуги за испорака ги користат како мамки за риболов”, додава полициската агенција.

Мобилните телефони се особена цел на овие криминални групи, кои се претставуваат како оператори за услугите за испораки, преправајќи се дека нудат информации за пратката, но всушност се надеваат дека ќе ја добијат сметката на жртвата или деталите за нивната кредитна картичка. Тоа подразбира и испраќање текстуални пораки на мобилни телефони, пракса што се нарекува „smishing”.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје со добивка од 79.286.643 денари за девет месеци

Следно

Само 60 пратеници се присутни во салата, Кастриот Реџепи од Беса никаде го нема

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian