Денеска почнува Парискиот мировен форум

1 min read

Денеска почнува Парискиот мировен форум, на кој ќе учествуваат голем број лидери на меѓународни организации и шефови на држави или влади.

Ова четврто издание на форумот годинава е посветено на економското закрепнување на земјите по пандемијата на коронавирусот.

Меѓу учесниците на форумот се францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудо, американската потпретседателка Камала Харис и словенечкиот претседател Борут Пахор.

На тридневниот собир учествуваат и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адана Гебрејсус.

На Парискиот мировен форум ќе говорат и генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Шмид, и генералните директори на Меѓународниот монетарен фонд и УНЕСКО, Кристалина Георгиева и Одра Азулај.

Парискиот мировен форум го почна францускиот претседател Макрон во 2018 година, на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна, со цел да се промовира мултилатерализмот, а тогаш симболично го отвори германската канцеларка Ангела Меркел.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рецепт: Лепчиња со маслиново масло

Следно

ВИДЕО | Тачи: Јас сум добро информиран човек – нема шанси да падне владата, а ќе има нови министри

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian