Демерџиев: Скандалот со машините за гласање е обид за компромитирање на изборите во Бугарија

1 min read

Бугарскиот министер за правда, Иван Демерџиев, го коментираше растечкиот скандал со дополнителните гласачки машини увезени од фирмата „Сиела Норма”, која има договор со ЦИК, како намерен обид за компромитирање на парламентарните и претседателските избори, закажани за во недела.

Дописникот на МИА од Софија јавува дека според бугарскиот министер, зад овој обид стои фирмата увозник на машините.

Демерџиев не даде аргументи зошто верува дека „Сиела Норма” стои зад обидот за дискредитација на изборите, но ги повика локалните новинари да ги проверат врските на компанијата со претходната владејачка партија на Бојко Борисов. Тој гарантира дека бугарската Влада ќе направи се за нормално спроведување на изборите.

Тој овој коментар го даде пред почетокот на состанокот на Врховниот судски совет на Бугарија, со кој првпат ќе претседава како министер за правда, и додаде дека додека е на функцијата сака целосно да ги искористи своите овластувања.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

У21: Македонија со Рустемоски, Ѓорѓиевски и Гроздановски ќе напаѓа против Украина

Следно

Ноември – месец на машкото здравје: Пуштете мустаќи и грижете се за своето здравје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian