Дали сте слушнале за бизарниот божиќен обичај на кралицата: И Кејт и Вилијам мора да се придржуваат

2 mins read

Иако веќе одамна живееме во модерно време, кога станува збор за британското кралско семејство, тие и понатаму цврсто се држат до традицијата, дури и ако е застарена. Затоа, не е изненадување што многумина останале без зборови кога дознале за еден бизарен обичај што не го пропуштаат во пресрет на божиќниот ручек.

Секој Божиќ, кога членовите на кралското семејство пристигнуваат во Сандрингам, домот на кралицата во Норфолк, прво мора да поминат низ „ритуал“ без кој не можат да пристапат до трпезариската маса.

Станува збор за многу стара, но и крајно чудна традиција, која никој не ја пропушта, а во текот на која кралицата бара секој свој гостин да се измери на вага пред да седне на масата.

Сите, вклучително и Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, мора да застанат на една од антикните ваги и да забележат колку колиграми имаат, но, како што откриваат доброупатени кралски извори, сè е тоа за добро да се забавуваат, но и на крајот да знаат дека „добро се најале“.

foto: Profimedia

Фото: Профимедиа

Оваа традиција биле воведена во раните 1900-ти од кралот Едвард Седми и мора да ѝсе придржуваат сите членови на семејството. А, кога ќе го направат тоа, можат да се упатат кон масата, каде ручекот започнува со мисирка со разни прилози, а сето тоа завршува со попладневен чај и ледена торта.

Интересно е и тоа што во трпезаријата не може да влезе кој како ќе посака, туку по возраст. По добриот и обилен оброк, за да се направи простор за чајот и тортата, гостите треба да се прошетаат низ имотот, додека навечер ги чека вечера со свеќи.

Кралицата буквално секоја година се грижи и нејзините сакани домашни миленици да имаат посебни, божиќни оброци, кои често вклучуваат месо од свежо подготвен зајак, говедско или пилешко со ориз и зелка.

Фото: Профимедиа

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Финансова полиција: Претресот е поради сомнителни трансакции меѓу вработени во ЕВН и повеќе физички лица

Следно

Може да користите тенк како такси (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian