Бесплатни термини за вежбање на ученици со атипичен развој во Аеродром

1 min read

Советот на Општина Аеродром на последната седница донесе одлука за бесплатни термини во фискултурната сала на ООУ „Александар Македонски“ наменети за деца со атипичен развој во рамките на проектот„Заиграј со нас“.

Проектот има цел да ја реанимира потребата на оваа ранлива категорија деца и млади во делот на стимулација на физичкиот развој како и социоемоционалниот развој преку друштвени игри.
 
Тренинзите ги водат професионални стручни лица од оваа област, кои со безусловна љубов кон овие деца помагаат во развој на нивната целокупна психофизичка состојба.

– Со иницијативата за користење на фискултурната сала сакаме да им дадеме можност на оваа категорија деца и млади да го покажат својот потенцијал и полесно да се вклучат во социјалниот живот, а на тој начин и да им се отворат нови можности во сопствените животи – изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој присуствуваше на првиот тренинг.

Со нашата работа постојано ќе придонесуваме за подигнување на свеста и промена на перцепциите во рамките на целната група и во поширокото опкружување.
 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Денис Вилнев најавува трет „Dune“ филм

Следно

Холандската влада препорача прво затворање во Западна Европа од летово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian