Уште кога ја најавив оставката на денот на изборите, реков ќе останам во наредниот период за да помогнам да се одржи парламентарното мнозинство, изјави премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање.
-Слободата е убава работа. Денеска имаме одлука на Централниот одбор за одложување на оставките. Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по нив. Кога ги најавив на 31-ви вечерта, потврдив дека останувам да се задржи мнозинство и ако може да се појача. Очекувам парламентралното мнозинство да се стабилизира, особено она мнозинство кое е за ЕУ, за мултиетничко општество. Вечерта на 31-ви, реков останувам периодот за да помогнам во одржување на мнозинството, рече Заев.
СДСМ едногласно донесе одлука претседателот на партијата Зоран Заев и премиер на државата да ја одложи оставката на неодредено време. Ова го соопшти Перо Костадинов, член на Извршниот одбор на партијата, по завршувањето на седниците на највисоките органи на СДСМ.