ВИДЕО | „Натрапник“ ја прекина новозеландската премиерка во обраќањето во живо: „Врати се во кревет, ќе дојдам за секунда“

3 mins read

Премиерката на Нов Зеланд беше прекината во јавувањето во живо директен од упорна, мала закачка: нејзината тригодишна ќерка, која „избегала“ од креветчето додека Џасинда Ардерн се обидувала да ја информира јавноста за состојбата со ковид-19 во тоа земја, пишува „Гардијан“.

Премиерката во директниот пренос од нејзиниот дом зборувала за промената на ограничувањата во јавното здравство кога ја прекинала нејзината будна ќерка Неве.

Среде разговорот за зголемените безбедносни мерки за ковид-19 за компаниите, на Ардерн ѝ го одвлекло вниманието нешто што се случува надвор од кадарот, а во позадината се слушнал тивок глас кој викнал: „Мамо?“.

„Требаше да бидеш во кревет. Време е за спиење, мила. Врати се во кревет и ќе дојдам кај тебе за секунда“, одговорила премиерката.

„Простете сите“, рекла Ардерн откако се вратила во преносот во живо. „Ова одење во кревет не беше многу успешно, нели?“

Премиерката рекла таа вечер кај неа дома била и нејзината мајка, која ѝпомагнала на внуката да оди на спиење.

Палавата Нева повторно се појавила подоцна во вечерната емисија, кога премиерката ѝ рекла: „Жал ми е  мила, ова трае толку долго“. Премиерката им рекла на гледачите дека сега ќе го заврши преносот во живо.

Со овој настан можат да се поистоветат многу родители кои дел од минатата година поминале во изолација или работејќи од дома.

Со оглед на тоа што коронавирусот принуди многу јавни личности да даваат интервјуа на ЗУМ и да учествуваат во преносите во живо од нивниот дом, многупати се случило овие емисии да бидат прекинати од реалноста на домашниот живот.

Најпознат таков случај беше „Би-би-си татко“ чие интервју го прекинаа деца кои упаднаа во неговата соба.

Претходно оваа година, министерка од владата на Нов Зеланд даваше ТВ-интервју во живо, кое го прекина нејзиниот син, кој влезе во просторијата возбудено мавтајќи со огромен морков.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Големата конкуренција е гаранција за квалитетни борби на јубилејното 50. издание на „Златен Гонг”

Следно

Вил Смит: „Земав халуциногени дроги за да ја преболам…“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian