ВИДЕО | Богоевски: Политичката драма ќе трае, веќе го гледаме шерифувањето на ВМРО-ДПМНЕ

2 mins read

-Дали одлуката на Заев за оставките е правилна ќе покаже времето. Локалните избори особено за град Скопје секако дека имаат влијание и врз централното владеење. Многу е лесно да се правите генерал после битка. Заев претставува нов бренд на политичар на Балканот, претставува човек што испорачува тоа што ќе го најави, коментира за Утрински брифинг поранешниот пратеник Павле Боегоевски.

Според него, најправилно ќе беше да не го најавеше идниот чекор, да не ги најавеше оставките но сепак тоа е негова проценка и негова одлука.

-Претпоставувам дека причината за таа одлука е да им се укаже на граѓаните што ќе се случува ако се врати ВМРО-ДПМНЕ, и веќе гледаме што се случува во општините каде ја презедоа власта. Најавуваат дека нема да го почитуваат договорот од Преспа, а со тоа и Уставот повикувајќи се на закон. Законот никако не може да биде над Уставот и доколку има некој закон кој не соодветствува со Уставот тој мора итно да се измени или исфрли, веи Богоевски.

Тој вели дека веќе започнале одмазди на локално ниво против луѓето кои виле вработени во време на претходната власт.

-Во четврток никој не може да каже што ќе се случува, од искуство кога станува збор за ваквите напнати ситуации неизвесноста ќе трае до последната секунда, вели Богоевски.

За тоа што пратениците се жалат дека се под притисок Богоевски вели:

-Мора да расчистиме дека има законски и незаконски притисок врз пратениците, а органите кои се надлежни мора да ги расчистат случаите на поткуп, закани, уценувања, вели поранешниот пратеник, Павле Богоевски.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повеќе од четири милиони Израелци примиле засилувачка вакцина против Ковид-19

Следно

Што прави денеска – Драган Спасов – Дац, актер и музичар

Latest from Blog

Перишиќ се сели во Лондон

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и тоа во екипата

MacedonianEnglishAlbanian